Промовирана збирката колумни „Патот напред“ од д-р Драган Тевдовски

loading...

На Економскиот факултет во Скопје денеска беше промовирана збирката колумни „Патот напред“ од д-р Драган Тевдовски, професор на факултетот и актуелен министер за финасии, во која се застапени веќе објавени колумни за економскиот раст и социјална кохезија во Македонија во периодот од декември 2012 до ноември 2016 година.

Збирката е двојазична на македонски и на англиски јазик и е издадена како дел од активностите во рамките на „Регионалната иницијатива за политички партии, спроведена од Националниот демократски институт (НДИ) со финансиска поддршка од Националната фондација за демократија. Издавач е Институтот за социјална демократија „Погрес“.

Во 25. објавени колумни се опфатени различни економски и социјални проблеми и се нудат решенија за нивно надминување. Во нив се предлагаат и реформи на даночниот и социјалниот систем во Македонија, како и правила за јавен долг и насоки како да се намали нееднаквоста преку воведување поправедни даноци. Од колумните 23 се објавени во „Утрински весник“, а по една во „Фактор“ и „Капитал“.

– Во збирката има разграничување на периодот кога давав предлози како да се решат проблемите и борбата како да се реализираат тие идеи. Во секоја од колумните не само што зборувам  кои се проблемите, туку нудам и решенија како да се надминат, рече авторот Тевдовски на промоцијата.

Тој посочи дека во колумната објавена во 2013 година во „Фактор“ има  препорака партиите да бидат мултиетнички, а СДСМ да биде првата таква партија.

– Денеска сме сигурни дека е направено многу повеќе од тоа, потенцира Тевдовски.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments