Променливо облачно со врнежи од дожд и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време  со повремен локален дожд, особено во југоисточните делови на земјава. На повисоките планини има повремени и слаби врнежи од снег. Дува умерен до засилен северен ветер, долж Повардарието и во источните делови се засилува. Во струмичката котлина ветерпт надминува над 60 км/час.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде променливо облачно на повеќе места со врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има врнежи од снег, локално со умерен интензитет.  Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава. Највисоката температура во земјава се очекува да достигне од 8 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе преовладува облачно време со услови за дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 10 степени целзиусови, а ќе дува и засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Променливо облачно со сончеви периоди и со  повремени локални  и слаби врнежи од дождќе биде времето и во текот на наредните неколку денови, на некои повисоки места и на планините со повремен слаб снег. Во исто време од север ќе продолжи да се спушта постудена воздушна маса,  која ќе одржува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со слабо проврнување на локален дожд,  а на некои повисоки места и на планините со слаб снег. Ќе дува умерен повремено и силен северен ветер, особено силен ќе биде в сабота.