Продолжува обесштетувањето на сточарите за „јазлеста кожа“

Сподели со своите пријатели

Од денеска продолжува обесштетувањето на сточарите чиј добиток минатата година угина од „јазлеста кожа“.

Ова е овозможено со измените на Законот за земјоделство и рурален развој, а опфатени ќе бидат вкупно 241 сточар за што се обезбедени 15 милиони денари.

– Досега, според Законот, обесштетување можеа да добијат само сточарите на кои говедата им беа одземени или принудно усмртени поради болеста, но не и оние чии грла угинаа додека ги чекаа надлежните ветеринарни служби, информира вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при посетата на Платежната агенција Николче Бабовски.

Извор: МИА

Loading...