Претседателот на ДИК Чичаковски и членовите од СДСМ Дума и Милев поднесоа оставки

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Државната изборна комисијата (ДИК) Александар Чичаковски денеска за МИА изјави дека поднел барање за престанок на функцијата претседател на Комисијата.

Оставката, рече Чичаковски, е негов личен чин.

До собраниската архива барање за предвремен престанок на функцијата поднеле и членовите на ДИК предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, потвруваат од Парламентот.

Чичаковски, Дума и Милев оставките ги поднесоа откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси и интернет петицијата за оставка на членовите на Комисијата.

Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година. Чичаковски е прв човек на ДИК од редот на експертите од 2015 година по постигнувањето на Пржинскиот договор, а Дума и Милев се предложени од редот на политичките партии.

Засега нема информации дека други членови на ДИК си поднеле оставка, иако некои од нив потврдуваат дека веќе им се напишани.

Извор: МИА

Loading...