Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20л/м2 воден талог. Ќе дува умерен дo засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 10 до 15 степени.

Во Куманово  и околината во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, но и слаби сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне до 13 степени.

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе  биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови поради што ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Утре повеќе врнежи ќе има во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2.

Во петок во текот на денот врежите ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.