Повеќе населени места во Куманово утре без струја

Сподели со своите пријатели

Десетина населени места во текот на утрешниот ден ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини од компанијата ЕВН Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе останат „Стеван Филиповиќ“, „Анѓа Ранковиќ“, „6-ти Април“, „Руѓер Бошковиќ“, „Ѓуро Пуцар Стари“ и околината.

Без електрична енергија ќе останат и селата Табановце, Војиновиќ и Сопот и тоа во период од 08:30 до 13:00 часот.

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во период од 09:00 до 15:00 часот ќе има на улиците „Руѓер Бошковиќ“ и „Михајло Пупин“.

Станува збор за најавени прекини поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.