Посетител искршил и украл прст на статуа стара 2.000 години (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кражбата на кинескиот воин од Теракота, кој бил изложен во Пенсилванија, наиде на голема осуда во кинеската јавност. Многу од корисниците на социјалните мрежи барале крадецот строго да се казни.

Во статуа на Исус пронајдени пораки стари 240 години

Loading...

Дваесет и четиригодишниот Мајкл Рохана приведен е поради кражба пред божиќната забава во институтот „Френклин“ во Филаделфија.

Во Египет пронајден дел од статуа стар 4.000 години

Судејќи според извештајот на ФБИ, Рохана влегол на затворената изложба, направил селфи со воинот вреден 4,5 милиони долари и го скршил неговиот палец, кој потоа го ставил во џеб, пред да замине да се најде со своите пријатели.

Од 100.000 ножеви со кои се убиени луѓе направил статуа „Ангел на смртта“ (фото+видео)

На изложбата, која е отворена во септември минатата година, а трае до 4. март, изложени се 10 фигури на воини од Теракота и повеќе од 170 други вредни артефакти од времето на кинеските династии Чин и Хан.

Во гробница во Египет пронајдена мумија стара 3.500 години (фото)

Директорот на институтот „Френклин“ соопштил дека двајца експерти веќе се испратени во САД за да започнат со поправка на статуата. Во тек е проценка на направената штета, пренесува „Дејли Мејл“.

Восочна фигура на Хитлер отстранета од музеј поради селфи

Директорот исто така изјавил дека чувствува голема вина што изложбата не била подобро обезбедена и истакнал дека ја научил својата лекција.

Веста предизвика голем гнев кај кинеските корисници на социјалните мрежи, за кои оштетувањето на статуата има непроценлива вредност.

Еве зошто коњите на статуите имаат кренати нозе

– Зошто воопшто ја праќаа во САД, кога Американците не ја почитуваат нашата култура, напишал еден од нив.

Одредени корисници дури предложиле на крадецот да му се исече палецот.

Leave a Reply