Двајца полицајци во Росарио, Аргентина ги чека дисциплинска постапка откако се снимени како имаат секс во полициско возило.
Снимката го прикажува и моментот како полицајката запира кога слуша повик за место на злосторството, но не реагира туку продолжува да му ја крева маицата на партнерот.
Не е познато како снимката дојде во јавноста, но се гледа дека полицајката прво ја крева раката кон мобилниот за да го спречи снимањето, а подоцн сепак му дозволува на колегата да го сними сексот.
Портпаролот на Министерството за безбедност на Санта Фе изјави дека дисциплинската истрага е во тек, додаваќи дека остро го осудуваа овој инцидент како многу навредлив за жителите на провинцијата зошто се работи за јавни службеници кои би требало да ги штитат интересите на граѓаните и нивната безбедност.
Претходно во февруари излезе снимка на која две полицајки од Росарио слават заплена на стабло од марихуана. Едната го крва огромното стебло и вика: „Кој сака да го пуши ова?“ Го зедовме од лице кое запревме и го претресовме. Го прашавме дали сака да побегне дома и ова да ни го остави нас, или да го приведеме и еве што добивме“. Двете полицајки ги предоа значките и оружјето поради покренатата истрага.
https://www.youtube.com/watch?v=0aSw8gWJ6FA
Loading...
sitel.com.mk