Под стрес сте? Одете под ладен туш!

Сподели со своите пријатели

Ладно ли ви е? Летото заврши, но студениот туш не треба да го напушти секојдневието како во лето, така и во зима! Зошто? Бидејќи студот е корисен за вашето тело и имунолошкиот систем.

Ако досега не сте правеле ледени тушеви, сега е време да започнете. Погледнете зошто!

Ја подобруваат состојбата на кожата

Најдобар начин да ја направите вашата кожа здрава и убава е ако одите под леден туш. Капете се со стандарден топол туш. На крајот пуштете си леден млаз за 1 минута. Ако го правите ова секој пат кога се туширате, ќе ги соберете порите на кожата, ќе ги отстраните несаканите црвенила, ќе ја намалите подуеноста по лицето. Кожата ќе стане мазна, затегната и млада.

Ја прави косата посјајна

Жешката вода го оштетува влакното од самиот корен. Затоа штом го исплакнете балсамот од косата, пуштете студен млаз за 1 минута. Ова ќе ја направи вашата коса пообемна, а во фоликулите на косата ќе се задржи доволно влага за да се добро хидрирани.

Го подобрува расположението

Научниците докажаа дека хидротерапијата со ладна вода го зголемува расположението. Ова се случува поради зголемената секреција на бета-ендорфин и норадреналин во крвта. Овие супстанции имаат антидепресивен карактер врз расположението. Значи, правете си ладни тушеви почестичко, за да ги видите поинаку работите и да не се лутите за глупости.

И не заборавајте – ледените тушеви биле метод за лекување на душевно болни луѓе, што дополнително го докажува нивното влијание врз емоционалната состојба.

Се смируваат болките во мускулите

Ладните тушеви помагаат за побрзо и полесно закрепнување по напорни вежби. Студената вода го намалува воспалението во ткивата, а заедно со него и мускулните болки по оптоварување.

Насочете го тушот со леден млаз кон болното место и стојте така 5 минути, ако е можно. Зголемениот проток на крв преку оваа терапија ќе помогне за побрзо закрепнување на заболеното место.

Го елиминира стресот

Коцките или ладни тушеви дејствуваат како свездена терапија. На ист начин на кој студените тушеви помагаат за зголемување на расположението, помагаат и во борбата со стресот.

Истражувањата покажаа дека драстичната промена на топла со ладна вода делува силно врз хормоните на стресот и ја потиснуваат нивната секреција на сметка на хормоните на среќата. Благодарение на механизмите за адаптација на телото на нагли промени, стресот останува во заден план и е елиминиран.

Затоа правете си ладни тушеви почесто. Позитивните ефекти им се несомнено многу.