Почнува судењето по тужбата на Јуџин Бушар против Тениската федерација на САД

Сподели со своите пријатели

Во Њујорк денеска ќе започне судскиот процес по тужбата на канадската тенисерка Јуџин Бушар против Тениската федерација на САД, откако пред две години на Ју Ес опен падна, при што ја удри главата и доби потрес на мозокот.

Бушар тужбата ја поднесе во 2015 година, односно шест седмици по несреќата поради која мораше да се повлече од турнирот.

Инцидентот се случил на 4 септември во вечерните часови во соблекувалната, а според тенисерката причина за паѓањето е течноста за чистење со која се бришеле подовите.

Таа бара отштета за физичките и психолошките проблеми со кои се соочува, надомест за медицинските трошоци, како и дел од паричната награда од турнирот, бидејќи била спречена да го освои.

Од Тениската федерација сметаат дека се неосновани нејзините тврдења за небрежното однесување на персоналот на Ју Ес опен, како и дека тенисерката сама преземала ризик поради влегување во соблекувалната надвор од пропишаното време.

Канадската тенисерка по повредата во 2015 година одигра само уште еден натпревар и тоа во Пекинг, кој го предаде поради вртоглавица. Сепак, се до почетокот на сезоната во 2016 година таа не ги наведуваше како проблем симптомите од потресот на мозокот.

Бушар, која важи за една од најубавите тенисерки на денешницата, во моментов е повторно во фокусот на јавноста поради нејзината провокативна фотосесија за списанието „Спортс илустрејт”. /МИА

Leave a Reply