Починаа двајца пациенти од Крива Паланка, се расипало возилото на Брза помош

Сподели со своите пријатели

Две лица од Крива Паланка вчера го загубија животот поради здравствени компликации, од кои едниот во болницата во Куманово, а другиот во возило на Итната медицинска помош кое останало дефект.

Двајцата пациенти поради сериозноста на здравствената состојба биле препратени во кумановската болница, од каде било одлучено едниот од нив да биде испратен на Ургентен центар Скопје. Но, возилото на Итната медицинска помош кое го транспортирало пациентот останало во дефект откако ја поминало патарината кај Романовце, најверојатно поради откажување на кочниците или пукање на сајла.

Откако настанал проблемот веднаш била побарана помош од Скопје и Куманово. Друго возило било испратено од Скопје за да го преземе пациентот кој додека стигнал на скопскиот Ургентен центар починал.

Од Здравствениот дом во Крива Паланка велат дека едниот е повозрасен пациент кој имал симптоми на гушење, а вториот претходно имал пресадување бубрег и настанала одредена компликација. Од таму наведуваат дека дефектот на возилото не била причина за смртта на пациентот, туку тешката здравствена состојба на пациентите.