По снегот и дождот од вчера, денес претежено сончево време

Сподели со своите пријатели

Врнежите престанаа во првата половина од ноќта, утрово слаб снег провејува само во Маврови Анови. Појава на магла има во Дебар, а слаба магла во делови од Скопската Котлина. Долж Повардарието е претежно ведро, во западните и крајните источни делови е умерено до значително облачно. На места дува слаб до умерен северен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб северен, односно североисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 7 степени. Во текот на ноќта поради поголемото разведрување температурата ќе се спишти и 4 степени под нулата.

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринските температури утре ќе бидат ниски и ќе се движат од -6 до 2 степена, а потоа под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во покачување, а исто така и дневните, кои во петок ќе се движат од 12 до 18 степени.