Пиле копче е новиот сувенир на Општина Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Пиле копче е новиот сувенир на Општина Куманово што е избран на конкурсот за сувенир на градот, распишан од локалната самоуправа. Станува збор за женски накит дел од традиционална женска народна носија од 20 век.

 

Loading...

 

Изработувач на сувенирот е дизајнерот Јелена Спасовски, која денеска со градоначалникот Максим Димитриевски потпиша договор со кој општината ќе исплати награда во вредност од 30.000 денари, а уметничката треба да изработи десетина примероци од сувенирот кој општината ќе треба да го користи за промоција на градот.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека на конкурсот имало 10 апликации, а комисијата го избрала пилето копче.

– Изработувачот на сувенирот ќе преземе обврска да изработи 10 вакви сувенири кои општината ќе ги користи понатаму за наша презентација и промоција и исто така ќе ги доделува во форма на подароци на делегации при посета на одредени градови, изјави Димитриевски.

Украсот, како што посочи дизајнерката Спасовска е изработен од срма, проткаен со кристали, а инспирацијата ја пронашла при посетата на кумановскиот музеј.

– Пиле копче е женски брош кој се носел во почетокот на 20 век, го носеле исклучиво невестите, изјави Спасовски.

Loading...

Конкурсот беше објавен во рамки на програмата за општа туристичка пропаганда. Ова е втора година како се реализира, а годинава учествуваа десетина уметници. За потребите на конкурсот формирана беше комисија која го избра овој сувенир, со кој Куманово ќе се презентира во тековната година.