Петти меморијален турнир во мал фудбал Мартин Симоновски Матрикс (видео)

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократската младина на Куманово, традиционално по 5-ти пат организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на Мартин Симоновски -Матрикс .

На овој турнир предвидено е да учествуваат 16 екипи . Ќе се игра 4+1, од максимум 8 играчи во екипа. Учеството ке биде 800 ден од екипа . Сите заинтересирани екипи своето учество треба да го пријават до 14-ти Октоври најкасно до 18 часот кога и ке биде и извлекувањето во просториите на Општинската Организација на СДСМ Куманово или на број 077 585 800 – рече денес на прес конференција Владислав Трајковски од СДММ Куманово.

Тој упати повик то сите граѓани со спортски дух да земат учество и заедно да му одадат почит на Мартин Симоновски кој трагично го загиби својот живот.

 

Loading...