Пет лица од Куманово завршиле на Интерното одделение

loading...

Поради интоксикација со алкохол петмина граѓани на Куманово во текот на Новогодишната ноќ побарале помош на Интерното одделение при кумановската болница, едниот од нив имал 51 години, додека по пречекот на Новата година медицинска помош побарле две лица на возраст од 20 и 25 години.

Ноќта минала мирно и без инциденти, освен сообраќајна несреќа во која беше повредена 22-годишна девојка од Биљановце. Истата поради сериозноста на повредите била префрлена на скопскиот Ургентен центар, додека возачот 23-годишниот М.С. кој излетал од патот откако изгубил контрола над возилото кое удрило во ограда и дрвен столб за електрична енергија, медицинкса помош добил во кумановската болница.

Уште една сообраќајна несреќа е регистрирана во населбата Средорек, кога возач скршнал од патот и со своето возило удрил во контејнери.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments