14.03.2018 01:40

ПЕНТАГОН МОЛЧИ: Објавена снимка од потера по НЛО (ВИДЕО)


Нова снимка која неодамна е ослободена од велот на тајноста, прикажува неидентификуван летечки објект во многу брз лет, недалеку од источниот брерг на САД, а кој во 2015. година го следеле и снимале двајца пилоти на американското воено воздухопловство.

Американски пилот открива детали за својата средба со НЛО (видео)

Не е сосема јасно што има на снимката, на која се слуша смеење и бучава од пилотите кои се обидуваат да го стигнат летечкиот објект.

Американските маринци снимиле НЛО во пустина? (видео)

Снимката под името „Go Fast“ ја објавила познатата организација „To The Stars Academy of Arts and Science“, наведува Hafington post.

Топењето на ледот на Антартик откри мистериозен објект: Луѓето тврдат дека е НЛО (видео)

Организацијата наведува дека летечкиот објект нема крилја ниту опашка, како и дека зад себе не остава траги од чад ниту пламента. Во описот на видео снимката се вели дека тоа е снимка од Министерството за одбрана на САД, направена од борбениот авион F/A-18.

МИСТЕРИОЗНА СНИМКА НАД МЕКСИКО: Експертите тврдат дека е НЛО (видео)

Пентагон одбива да даде коментар.

НЛО вчеравечер на небото во Скопје? (видео)

Весникот „Њујорк тајмс“ минатата година откри дека посоеле напори на Пентагон за идентификација на фоздушен феномен, на што воените власти на САД признале дека прекинале истражување на неидентификувани летечки објекти.

РУСИТЕ ПРЕПЛАШЕНИ: Мистериозно светло ноќта ја претвори во ден (видео)

Ова е втора снимка која се појавува по тоа признавање.

– Оваа снимка е доказ дека постојат летала многу понапреди од било кое што го поседуваат САД или нивните сојузници, искоментирал поранешен воен разузнавач од администрацијата на Џорџ Буш и Бил Клинтон, Кристофер Мелон, пренесува Њујорк пост.

Програм за кој Пентагон не сакаше светот да дознае (видео)

Тој додава дека е необјасниво однесување на америакнската влада кога се во прашање ваквите докази.

ФБИ откри тајна за вонземјаните (видео)

– Кога НЛО е во прашње, ФБИ и ЦИА имаат сличен пристап како што имаа кон нападите од 11. септември 2001. година, не се занимаваат доволно со тоа, предупредил Мелон.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments