14.02.2018 14:29

Оптинскиот кризен штаб е секогаш подготвен да се справи доколку дојде до поплави

loading...

Општинскиот кризен штаб на Куманово е подготвен во секој момент да се справи со потенцијалните излевања на реките со оглед на обилните врнежи во изминатиот период, рече денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Засега нема излевања на речните корита, со оглед дека истото е подготвено за справување со евентуално надојдување на водите. Во текот на вчерашниот ден на реката Липковка се правеа насипи за да се заштити дел од веќе изграденото корито, но истиот делумно е пробиен од надојдените води на реката.

– Сега во моментов со сопствени средства и поддршка на УНДП средуваме дел од речното корито на реката липоковка а воедно и презедовме активности во делот на чистење на речното корито на реките Којнарка и Кумановка за да дополнително се осигураме од евентуални излевања, сепак многу зависи од водостојот и тековните врнежи кои се очекуваат засега состојбата е под контрола и верувам дека така и ќе остане природата не можеме да ја предвидуваме, можеме само превентивно да делуваме. Оптинскиот штаб за справување со кризни состојби е секогаш подготвен да се справи со состојбите но она што е најважно за нас како општина со импленемтација на овој проект за регулација на речното корито на реката Липковка мислам деак трајно или на 50 години ќе го решиме проблемот со излевање, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

 

 

Вкупниот проект со кој речното корито трајно ќе биде уредено чини 800.000 евра, од кои 20 проценти од средствата се на товар на локалната самоуправа и истите се исплатени, додека останатиот дел финансиите се од јапонската амбасада.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments