Опаѓа интересот за вакцинација кај децата во Општина Куманово

loading...

Намалување на процентот на вакцинација кај децата од школска возраст се бележи и во Куманово, ова денеска беше констатирано на 67-та седница на Советот на Општината, каде беше презентиран годишниот извештај за 2016 година на Центарот за јавно здравје.

Иако реализацијата на имунизација кај децат аод предучилишна возраст е на задоволително ниво и има 95-процентна реализација, сепак проблем се јавува кај повозрасните деца.

Надлежните проблемот го лоцираат во антикампањата која се води на социјалните мрежи, но и од страна на одредени здравствени работници против МРП вакцината, каде се истакнуваат одредени негативни коментари, кои според надлежните немаат никаква основа.

Невакцинирањето, заболувањето од овие болести може да има далекусежни последици, да не кажам да заврши на крај и фатално. Затоа еве апел децата да се вакцинираат редовно, затоа што само на таков начин можеме да ги заштитиме, а тоа што нема појава во поголем број од овие болести на наша територија е што голем број се вакцинирани па нема медијатор кој да ги шири болестите, па затоа немаме голема појава, но ако продолжи овој тренд може да се размислува и на друг начин – рече советникот и лекар Сунчица Јосифова.

Според претседателот на Советот, Алексадар Арсиќ опаѓањето на вакцинацијата е проблем за кој токму советниците треба да поведат дискусија и да изнајдат заеднички предлог и решение како да се надмине оваа состојба.

Како што вели, др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје, вкацините се претходно проверени од Контролата за лекови при Министерството за здравство од каде се издаваат сертификати пред употребување.

За да се подобри состојбата и да остане на ова ниво на кое е сега, имаме стабилна епидемиолошка состојба особено од вакцино-превентабилните болести, голема улога има Државниот санитарен здравствен инспекторат, тој е тој кој ги контролира нашите матични лекари, здравствените работници во однос на пријавувањето, во однос на извршувањето на она што значи задолжителна вакцинација, родителите треба да бидат повикани што не ги вакцинираат своите деца. Тука треба да се вклучи не само едукација на здравствените работници, туку едукација и комуникација со родителите, најверојатно преку образованието, односно Совети на родители, каде ние ќе се наметнеме како здравство, како епидемиолози, овој проблем, оваа антивакцинална кампања да се спречи и да им се објасни на родителите дека станува збор за проврени и сертифицирани вакцини – вели др. Стаменковска, која истакна дека ова е вакцина која се употребува кај нас веќе 30 години.

 

Надлежните нагласија дека оваа вакцина докажано не е предизвикувач на аутизам, но социјалните мрежи и форумите водат антикампања.

Според Стаменковска нема отстапувања ниту кај децата Роми при спроведување на имунизацијата, но проблем е нивната честа миграција.

Здравствениот дом, односно детскиот диспанзер е задолжен за извршување задолжителна имунизација кај децата, тие водат евиденција, ги повикуваат децата имаат уредна картотека на сите деца кои се особено од оваа ромска населба, во текот на недела на имунизација вршат т.н. прочешлување на сите оние невакцинирани деца и едноставно имаат добра комуникација со невладините организации од овој дел, така да тој дел воопшто не отстапува од она што значи во однос на имунизација на останатите делови – додава Стаменковска.

Според извештајот на Центарот за јавно здравје минатата година е низок и процентот на случаите со ХИВ – СИДА, а формирана е и локална организација за заштита која се очекува да профункционира насокоро со превенција од заболувањата од овој карактер.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments