ОО на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните на Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ од Куманово денеска излезе на прес конференција на која упатија критики за постапката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, кои вчера незадоволно од предлог програмата за реализирање на наставни и вон наставни активности по пливање во основни и средни училишта, ја напуштија седницата на Советот.

Според Мартин Костовски, претседател на Општинската организација на СДСМ ваквата постапка укажува на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните на Општина Куманово.

И додека општината со свои средства обезбедува услови за реализација на овие спортски активности, ВМРО-ДПМНЕ со својот игнорантски однос свесно го руши она што учениците од нашиот град го сакаат. Со пуштање во употреба на затворениот базен се создаваат услови во Општина Куманово за развивање, промоција и подобрување на спортската дисциплина пливање. Сетоа ова господата од ВМРО-ДПМНЕ го забораваат. Забораваат на нивните граѓани и на градот во кој живеат – рече Костовски.

Инаку според предлог програмата околу 16.000 ученици требаше да добијат можнсот да ги користат пливачките капацитети на базенот, а за таа намена од општинската каса да бидат оделени милион денари на месечно ниво.