Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот (фото)

Сподели со своите пријатели

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера ја напуштија 57-та седница на Советот на Општина Куманово без никакво образложение, додека се гласаше поединечно за одлуката за Предлог програма за реализирање на наставни и воннаставни активности по пливање во основни и средни училишта за 2016 година.

 

Loading...

vmro-sovet

 

Раководителот на Секторот за образование во Општина Куманово, Жика Крстевски претходно во расправата рече дека според програмата ќе се одвојат шест часа дневно за пливачки активности на основците и средношколците, а тоа општината би ја чинело по еден милион денари месечно.

Свесни сме дека ова е комплексен проект затоа што во овој процес кој трае 2 недели се јавуваат голем број ан ученици кои ен знаат да пливаат, и ќе треба да се заопчне со нивна обука, а имајќи го во предвид фактот дека базенот каков што е не прижа можност за почетници, локалната самоуправа веќе е во процедура за создавање на услови за почетници односно за доизградба на мал базен со димензии од 15 на 5 метри и длабочина 80 сантиметри за да можат овие ученици непливачи. Другите ученици кои имаат добиено изјава потпишана од родител се свикуваат родителски состаноци за да се произнесат родителите, дали нивните деца знаат да пливаат и се она што значи стручна подготовка – рече Крстевски.

Со предлог програмата се предвидуваше околу 16.000 ученици да добијат можност да ги користат пливачките капацитети на затворениот базен, а дополнителни осум часа дневно да бидат одвоени за пливачките школи.

Но, таквиот предлог не им се допадна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Драган Петковски рече дека она што е понудено е се, освен програма.

Треба да гласаме за програма за објект за кој се уште не сме одлучиле кој ќе стопанисува со него, мислам дека прво треба таа одлука да ја донесеме а потоа и самиот правен субјект да земе учество во изработка на програмата. Во точка 7 е предвидено од буџетот на оп0ш кумна да се одвојуваат 1 милион денари месечно или 12 милиони денари годишно, или 1 % од вкупниот буџет на општината, или ако дневно се предвидени 6 наставни часа излегува дека за еден час од 45 мин општината треба да издвои околу 140 евра што и за многу побогати општества е премногу. Не стои од кога е планирано да започне реализацијата на програмата, велите треба да изгласаме програма која е нецелосна нема трошковник и слично, а базенот за непливачи допрва треба да се прави, ако се прави како претходниот гласаме програма која ќе стартува после 5 години – рече Петковски.

Откако започна гласањето советниците ја напуштија седницата по што немаше кворум за работа и истата беше прекината.

Нема кворум за работа не сме имале ваква ситуација колегите советници во тек на изјаснувањето ја напуштија салата од опозицијата тука ќе се прекине седницата и дополнително ќе се одржи оваа седница на советот – рече Максим Димитриевски, претседател на Совет на Општина Куманово.

Седнциата ќе биде презакажана, а за кога точно не се знае, но денес коалицијата од СДСМ со претстаделот на советот одржале координација по што ќе се знае конечната одлука.