ОО ГРОМ: Спасовски како актуелен минситер не смее да биде кандидат за избори (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на ГРОМ од Куманово денес на прес конференција во своите партиски простории упати јасна критика на кандидирањето на Оливер Спасовски како носител на изборната листа во втората изборна единица, со оглед дека тој е актуелен министер за внатрешни работи.

Немаме ништо против кандидирањето на било кој граѓанин за било која јавна функција, но во овој случај ќе ве потсетиме на сите случувања во изминатите две години во кои токму опозицијата во Македонија ги диктираше условите под кои е се согласи да излезе на парламентарните избори. Еден од главните услови беше и тоа дека не смее актуелен министер за внатрешни работи да биде и актуелен кандидат на изборите поради специфичноста на ваквото министерство кое треба да биде еден од гарантите за фер и демократски избори – истакна Емилија Арсиќ од ОО ГРОМ Куманово.

Според Арсиќ, потписниците на Пржинскиот договор ги прифатиле условите, но во реалноста се случува нешто спротивно токму во втората изборна единица, каде носител за листата на СДСМ е Оливер Спасовски.

Ние како ГРОМ сме згрозени од вакви манипулации и трикови кои се прават на нас граѓанит еи од очигледна намера сосема спротивно од претходниот договор министерството за внатрешни работи во време на избори да биде раководено од овек кој во исто време е и кандидат за пратеник на истите тие избори. Треба ли да ја споменеме и способноста на истиот тој човек за „полициски местенки“ на кои бевме сведоци во изминатите неколку дена. Сметаме дека на ваков начин однапред и смислено се создадени усови за манипуливање за време на изборите како и оспорување и непризнавање на изборните резултати – рече Арсиќ.

Од Општинската организациај на ГРОМ потенцираат дека со вакви трикови политичката криза наместо да се разреши дополнително ќе се искомплицира.