ОК ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод „23 Октомври“

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово упати честитка до своите сограѓани по повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба, „23 Октомври“.

Овој светол ден е темелот на кој што започна да се гради идејата за слободна и самостојна македонска држава. Тој не потсетува на решителноста, одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Идејата за организирана револуционерна борба беше водилка на илјадници македонски дејци, револуционери и херои. Нивната саможртва го одржа жив до ден денешен нивниот аманет и заклетва за слободна и независна  Македонија која секој од нас треба да ја гради и сесрдно да придонесува во нејзиниот напредок.

Денес сите заедно треба да да сме горди на основачите на македонската револуционерна организација, кои  преку својата посветеност и положените животи  ги претвориле своите идеали во наша реалност. Благодарение на нив, ние денес постоиме како независна држава. Нивниот пример треба да ни биде водилка за иднината. Ние сме должни да ги чествуваме и да ги продолжиме нивните дела.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на сите граѓани им посакува празничниот ден да го поминат во мир и надеж за подобро утре.

 Да ни е честит и вековит празникот! – стои во честитката од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.