Ограбена пошта во скопско и маркет во Штип, пленот над 120.000 денари

Сподели со своите пријатели

Две кражби во текот на вчерашниот ден биле пријавени во Министерството за внатрешни работи, едната во пошат во скопско, а другата во маркет во Штип, при што од двата случаи заедно биле украдени над 120.000 денари

Вчера околу 13.00 часот во ЕИК Скопје, М.К. пријавил дека во поштата во с.Кучевиште  две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработените. Сторителите со закана со пиштол  и со нож од вработените одзеле околу 86.000 денари. Откако го извршиле делото истите побегнале во непознат правец.

Во вториот случај околу 20.20 часот во Штип, во маркет на ул. „Борис Кидрич“ непознат маскиран сторител  извршил разбојништво над вработениот. Сторителот со закана со нож од касата одзел 40.000 денари.

Како што информираат од МВР, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.