Од обложувалница украдени 46.670 денари

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 21.00 часот во Скопје на ул. „Петар Манџуков“, во спортска обложувалница непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработениот. Сторителот со закана со пиштол од вработениот одзел 46.670 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.