Иако добила дозвола од сопствениците на станот да го преуреди балконот, не смеела да ги дупчи ѕидовите. Меѓутоа, нејзе тоа не и претставувал никаков проблем.
Голем проблем е кога имате балкон, а живеете во изнајмен стан или не сте доволно креативни да го уредите овој простор.
Loading...
Тоа бил случајот и со Изабел. Првин на отворениот дел помеѓу нејзиниот и балконот на соседите направила фантастичен дрвен украс, па додала свеќи и цвеќе, за малку поголема приватност.
Потоа направила клупа која ја декорирала со перници. На клупата зашрафила дрвен паравн, на кој поставила растение.
Потоа, направила масичка која се поставува на оградата, која воедно е и одлично решение за заштеда на простор на малите балкони.
Loading...
За декорација се послужила со свеќа, но и мали лампиони кои ноќе прават фантастична атмосфера.
Погледнете чекор по чекор како течела оваа трансформација и слободно искористете ја идејата за преурадудвање на сопствениот балкон.