Од денес благо покачување на дневните, а намалување на утринските температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе бидат многу ниски и ќе се движат од 1 до 9 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 18 до 25 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 20 степени целзиусови, која во текот на ноќта ќе изнесува само 3 степени.

 

Loading...