Обвинетите бараат одложување на главната расправа за „Насилство во Центар“

Сподели со своите пријатели

Адвокатите на обвинетите во случајот „Насилство во Центар“ на денешното рочиште веќе два часа бараат одложување на главната расправа. Во моментот на нивно барање судијката Тања Михајлова даде пет минути пауза.

На почетокот на судењето седмообвинетиот Димче Крстев побара одложување на судењето затоа што не се чувствувал добро. Тој утрово беше стражарно приведен затоа што отсуствувал на минатото рочиште.

Судијката Михајлова го ослободи Крстев од денешното судење и на барање на обвинителката Фатиме Фетаи ја издвои постапката за него, со цел денеска да започне главната расправа, по што Крстев си замина од судницата.

На барањето за раздвојување на предметот се противеше одбраната на обвинетите и побара одлагање на судењето.

По паузата треба да продолжи образложувањето на адвокатите на 14-те обвинети за одложување на почетокот на главната расправа.

Во судот се присутни експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и останатите обвинети во овој случај. Присутни се и Андреј Жерновски и Саша Богдановиќ како оштетени лица во овој случај.

Извор: МИА

Loading...