Никола Попоски носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово

Сподели со своите пријатели

Сегашниот прв човек во Министерството за надворешни работи, Никола Попоски ќе биде носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за изборна единица 2, каде се наоѓа и Куманово, како најголема општина во Република Македонија.

Веднаш зад него на листата се наоѓа аболицираниот спикер Трајко Вељановски, а во друштво на Владанка Авировиќ, како и Иван Стоилковиќ, Амди Бајрам и Авдија Пепиќ, како дел од претставниците на етничките партии во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Јанкуловска на изминатите избори беше носителот на кандидатската листа во втората изборна единица, но на овие изброи нема да се најде на листата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се единствената партија која достави листи до државната изборна комисија, како и единствената потписничка на Пржинскиот договор која ќе оди на избори.