14.03.2018 01:09

Негоивте другари се мајмуните: Секое утро го будат за градинка и се играат со него (ВИДЕО)


Момче од Индија во своето село на југот на земјата „заработило“ статус на божество откако станало пријател со чопор мајмуни кои секојдневно го посетуваат и се играат со него.

МОГЛИ ОД РЕАЛНОСТА: Девојче пронајдено во заедница со мајмуни (видео)

Двегодишниот Самарт Бангари секодјевно со часови се дружи со мајмуните, со нив дели храна, а тие секое утро го будат точно во шест часот, пишува Мирор.

Зошто овие мајмуни крадат од туристите? (видео)

Мајмуните веќе знаат и кога се враќа од градинка па го пречекуваат пред домот.

 

 

Необичното пријателство започнало ког Самарт имал само шест месеци. Еден ден, додека со таткото се играл во дворот, се доближил мајмун и на момчето од раката му зел парче храна. Од тогаш имаат посебна врска.

Бизарен обичај: Жените од оваа амазонско племе дојат верверици и мајмуни (фото+видео)

Мештаните на селото Хубил веруваат дека момчето е реинкарнација на Лорд Хануман – индискиот мајмунолик бог.

 

 

Родителите на момчето Сунил (28) и Нанда Бангари (35) велат дека мајмуните кон него се исклучително нежни и внимателни и дека можат со часови да го остават со нив и да бидат спокојни дека ништо нема да се случи.

Кинезите успешно клонираа мајмун – луѓето би можеле да бидат следни (фото+видео)

– Тој се игра со нив и ги храни. Мајмуните го сакаат. некогаш ги влече за опашката, но тоа не им пречи. Внимаваат на него и никогаш го немаат повредено.Верувам во тие животни и со спокој во душата го оставам во нивно друштво ако имам нешто да завршам, вели мајката Нанда.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments