Не претерувајте со вежбањето, тоа ја менува вашата сексуална моќ

Сподели со своите пријатели

Многу благодети во животот пристигнуваат баш од вежбањето, но постои нешто поради што нема повеќе да сакате да го давате својот максимум. 

Подобар сон, повеќе енергија, подолг живот, се тоа се погодности на вежбањето. Но, внимавајте, ако претерате тоа може лошо да се одрази на вашиот сексуален живот.

Последните студии објавиле дека мажите кои лудачки тренираат имаат проблеми со намалена желба за секс, отколку оние кои умерено вежбаат. Поради студијата, детално биле испитани 1.077 физички активни мажи за тоа колку често мислат на секс, па и колку напорно тренираат.

Резултатите биле јасни. Мажите кои вежбаат пренапорно имаат најмал либидо од сите. Интернзивните тренинзи кај вежбачите предизвикуваат состојба која се нарекува хипогонадална состојба и која се јавува кога двата хормони тестостерон и лутропин се во процес на опаѓање.

Многу е веројатно дека зголемувањето на волуменот кај интензивние тренинзи води не само кон физички и ментален замор, туку и кон опаѓање на желбата и мотивацијата за секс.