Научниците пронајдоа лек за ќелавоста

Сподели со своите пријатели

Нова студија спроведена во Јужна Кореја на глувци успешно тестирала хормон кој регенерира коса

Тим предводен од професорот Канг Јел Чои од Јонсе Универзитетот креирал нов биохемиски препарат кој е тестиран на глувците. Во наредните 28 дена се покажал како препарат кој потикнува раст на коса и регенерација.

Препаратот спречува врзување на два протеини кои инаку, кога ќе се поврзат, го спречуваат патувањето во телото кое ја контролира регенерацијата на фоликули и зараснување на раните. Препаратот спречува да дојде до тие пореметувања и овозможува регенерација. Во комбинација со валпроинска киселина влакното расте побргу.

ЛЕКАРИТЕ ВО ШОК: Родено бебе со целосно бела коса (фото)

Loading...

– Откривме протеин кој го контролира растот на косата и развива нова супстанција која влијае на регенерација контролирајќи ја функцијата на протеини. Очекуваме дека новата супстанца ќе допринесе за развој на лекот кој не само да спречува губење на косата, туку и регенерира оштетени ткива, истакнува Чои.

Тимот во иднина ќе работи на проверка на негативните ефекти, во случај да ги има. Студијата е заснована на објавениот труд на Универзитетот во Калифорнија кој идентификувал нов начин за активирање на матичните клети во корсти на растот на влакното.