Научниците откриле забранети записи на Исус (фото)

Сподели со своите пријатели

Копија од еретички библиски текст, за кој се тврди дека го опишува разговор помеѓу Исус и неговиот брат Јаков, откриена е во најстарата позната форма.

Забранетиот запис, наречен „Првото откровение по Јаков“, не станало дел од 27-томниот Нов завет, настанат о 367 година, туку бил дел од гностичките книги откриени во Египет во 1945 година. Сит екниги биле напишани на коптскиот јазик, иако нивниот оргинален ракопис најверојатно бил на грчки јазик.

– Никогаш не се сомневавме дека се делови од „Првото откровение по Јаков“ на грчки преживеале до денес, истакнува професорот Џефри Смит, од Универзитетот Тексас од Остин, кој со своите колеги Брентон Ландау, записите ги пронашол во библиотеката „Наг Хамади“ на Универзитетот во Оксфорд.

Loading...

Текстот на грчки, најверојатно е напишан во 5 или 6 век и тој е значаен затоа што укажува на тоа дека христијаните во тоа време, читале и проучувале неканонски записи многу пред  црквените татковци да ги прогласат за еретички, рекол Смит.

Текстот содржи учења на Исус со кои тој го подучувал братот Јаков, како што се сознанијата за рајот, но во идните настани, помеѓу кои е и смртта на Јаков.

Професорот Ландау објаснува дека текстот е поделен на слогови, што е редок случај кај старите записи. Тоа научниците ги наведува на заклучок дека записот е користен за подучување за читање и пишување.