НАПАД СО НОЖ ВО ХОЛАНДИЈА: Двајца мртви и повеќе ранети

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица се убиени, а неколку ранети во нападите со нож на југот од Холандија, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на локалната полиција.

Како што јавува холандската агенција ANP, нападите се случиле вечерва во Маастрихт, град недалеку од границата на Холандија со Германија и Белгија.

Локалните медиуми наведуваат дека е можно да станува збор за повеќе поврзани инциденти затоа што смртен случај е забележан во улицата „Ботсаарт“ на северозападот од градот, додека ранетите се пронајдени на нешто поодалечена локација, во улицата „Јосеф Потмес“.

Портпаролот на полицијата не можел да го потврди бројот на ранетите, ниту дали се работи за еден или повеќе инциденти и напаѓачи.