Најлошата бура во последните 50 години го вртеше авионот на небото (видео)

Сподели со своите пријатели

Што и да барале на небото за време на најлошата бура во последните 50 години во Холандија, пилотот и 78 патници на овој мал авион слетале на „Шипхол“ како да слават роденден по втор пат.

Луѓето на аеродромот во Амстердам биле сведоци на стравична драма во воздухот кога авионот „The Eurowings Dash 8 Q400“ се приближувал до пистата за слетување.

СНИМКА КОЈА ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА: Гром удри во река и направи вистински ХАОС (видео)

Loading...

Борјеќи се како лав со ветриштата со брзина од 110 километри на час, пилотот во последен момент сфатил дека единствена и нималку сигурна опција е да слети изведувајќи маневар познат како „искосено слетување“.

За помалку искусни или неровзни пилоти ваков вид на слетување може да биде трауматичен, но сите на тренинзите учат како да го користат во ризични ситуации.

Таква била и оваа во Амстердам, ветерот упорно го туркал леталото од пистата, но смиреноста и упорноста на пилотот се исплателе кога „носот“ на авионот за свртел косински.

Еве што се случува со фекалиите во авионските тоалети (видео)

Низ холот на „Шипхол“ се слушнал аплауз кога авионот успеал да се приземји.

https://youtu.be/47dK-I_jXto