МВР: 27 патници повредени во вчерашната сообраќајка кај Велес, од нив едниот починал

Сподели со своите пријатели

Вчера (20.08.) околу 18,50 часот на автопатот А-1, Велес – Скопје, поточно на 250 метри пред зимскиот пункт на “Македонија Пат“, се случила сообраќајна несреќа во која што автобус марка „неоплан“ со скопски регистерски ознаки сопственост на „Бус Травел“ ДПУ ДООЕЛ Скопје, а управуван од возачот А.Н. (48) од Скопје, излетал надвор од коловозот и слетал во провалија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сите 27 патници, кои со возила на итната медицинска помош се пренесени во болници
во Велес и Скопје. Како последица од здобиените повреди лицето Н.П. (68) од Скопје починала на КАРИЛ. Увид на лице место изврши Јавен обвинител од ОЈО Велес во содејство со увидна екипа од СВР Велес. На лице место излезе и екипа на Територијална противпожарна единица Велес.

Сообраќајот на таа делница од патот се одвиваше отежнато по една коловозна лента. Увидот на лице место ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

.На Универзитетската клиника за хируршки болести Св Наум Охридски, се примени шест лица од кои само еден повозрасен маж е на интензивна нега но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна опасност.

Во Општа болница Велес се примени четири пациенти и сите се надвор од животна опасност.

Во клиничкиот центар Мајка Тереза донесени се вкупно 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ- еден пациент е внесен со абдоминално крварење, еден со торакална сериозна повреда и двајца со торакални повреди. За жал, еден од повредените им подлегна на повредит. Еден пациент на детска хирургија, внесен итно на операција, двајца пациенти на Неврохирургија, примени на обсервација, седум на ортопедија, примена на обсервација, тројца повредени се во моментов на обсервација во Ургентниот хируршки центар.

Во Градската болница Осми Септември примен е само еден пациент со сериозни повреди меѓутоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Министерството за здравство упатува сочувство до семејството на починатиот.