12.01.2018 12:38

Мирослав Јовановиќ е единствениот пратеник на СДСМ кој не глазаше „за“ Законот за јазици


Единствен кој не го поддржа Законот за употреба на јазици на вчерашната собраниска седница, е пратеникот Мирослав Јовановиќ од Куманово, претседател на Српската странка во Македонија, која е дел од коалицијата на СДСМ.

Како што пишува „Фокус“, при гласањето на пратениците кои припаѓаат на етничките заедници кои не се мнозинство во Македонија, гласаа 28 пратеници, 27 од нив беа „за“, а само Јовановиќ бил воздржан.

Јовановиќ на последните парламентарни избори во изборната единица 2 настапи со коалицијата на СДСМ. Тој е дипломиран машински инжинер.

Законот за употреба на јазици беше донесен со 69 гласа „за“ во отсуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку недели ја бојкотира работата на Собранието.

Извор: Фокус.мк


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments