Минимални количини нафта за затоплување на училиштата, на 26ти нов тендер

Сподели со своите пријатели

Откако утринава со почетокот на второто полугодие од учебната година се јавија проблеми со затоплување на училниците во одредени училишта, одговор даде и првиот човек на Секторот за образование при Општина Куманово, Жика Крстевски.

Тој вели дека единствен проблем се јавува кај училиштата кои се затоплуваат на нафта, додека оние кои се на гас нема проблеми, а има доволни количини огревно дрво и за училиштата кои ја користат оваа суровина за затоплување на просториите.

Во некои училишта имавме врз основа на овие ниски температури одредени оштетувања на системите за парно греење и во голем дел испукаа хидрантските системи, затоа што не може да се обезбеди циркулација на таа вода така да има во неколку училишта, меѓутоа бргу е реагирано и тие оштетувања се завршени така да во тој дел се надминаа освен во „Магделена Антова“ каде на самиот денешен ден се покажаа некои технички пречки, така да таму наставата се одвива со скратени часови и во поладни услови, најавено е и се работи на тоа дека денеска ќе бидат отклонети, така да веќе втората смена, а веќе утрешниот ден сигурно ќе се одвива во нормални услови – рече Крстевски.

Крстевски додава дека има мал проблем во доставувањето на нафтата, со оглед дека договорот со претходната фирма е истечен, а на 26ти месецов треба да се отвори нов тендер за избор на фирма која ќе доставува нафта до кумановските училишта.

Што сеоднесува на нафатата веќе истече договорот што го имаме, па на 26ти ќе се отвори новиот тендер за нов добавувач и тука кубуриме малтене како што знаеме со канти се носи, буквално сме на долната граница, меѓутоа се гледаме и правиме напори и постојано сме во контакт со добавувачот, помалку, ама редовно да се носи за да се избегнат губење на настава во овој период после продолжување на зимскиот распуст, се надевам дека сега на тендерот ќе биде избрана фирма која нема да има проблеми околу доставување на нафтата и дека тој проблем ќе го пребродиме, а се надевам и дека временските услови ќе се подобрат па да бидат некои понормални услови не само во училиштата туку и по улиците да имаме побезбедни за пешаците и возилата, се она што се јави како псоледица од оваа студено време и овие количини на снег кои ги имавме во целата држава – изјави Крстевски.

Утринава ученици од неколку основни училишта настава следеа со скратени часови, некои пак беа вратени дома затоа што училниците беа премногу студени за да се одржува настава.

Како што посочи Крстевски двата продолжени дена од распустот ќе се одработат во саботи и тоа на 25 март и на 22 април врз основа на одлуката на Министерството за образование и наука.

фото: архива