20.01.2018 11:11

Мини баскет Куманово учествуваше на турнир во Србија (фото+видео)


Малите кошаркари на Мини баскет Куманово минатиот веикдн беа дел од 18. Меѓународен турнир „Рајко Жижиќ“ во Србија, каде одиграа четири натпревари против екипи од Романија и Србија.

 

 

Идните кошаркари имаа можност да се запознаат подобро со кошарката и натпреварувањето при што одиграа натпревари против Бањица Мега, Велика Кикинда и Беостарс од Србија, како и против Таргу Мурес од Романија.

 

 

– Децата се задоволни, ова за нив претставува едно големо меѓународно искуство да се натпреваруваат со дечиња од друга држава кои се на нивна возраст, каде освен развивање на натпреварувачкиот дух имаа можност за дружење и стекнување нови другари, изјави Милош Нинковиќ, тренер на Мини баскет Куманово.

 

 

Организаторот на турнирот „Рајко Жижиќ“ е Драган Георгиевски Рацо кој инаку потекнува токму од Куманово.

 

 

Во рамките на нивниот престој во Белград малите кошаркари имаа можност да посетат и показен тренинг.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments