Масло од лук при проблеми со зглобовите

loading...

Со староста подвижноста на зглобовите се намалува. Се појавува вкочанетост, болка, оток и црвенило околу погодените места. Експертите препорачуваат извршување на полесни физички оптоварувања, нанесување на мелеми, употреба на лекови, специјални бањи и други.

Ефикасни техники за отстранување на лукот од здивот

Но, подобрувањето на подвижноста на зглобовите може да го направите и дома со користење на природни средства, како масло од лук. Тоа ќе ви помогне брзо да го намалите отокот и болката во зглобовите и да ја подобрите подвижноста. Како да си го приготвите?

Ќе ви бидат потребни 300 г. стар лук и 1 литар растителна маст. Згмечете го лукот со помош на толчник и ставете го во голема тегла. Потоа залејте го со маслото и промешајте.

Лукот го спречува згрутчувањето на крвта

Чувајте ја смесата на темно место и на собна температура во текот на две недели. Важно е секој ден да ја промешувате содржината. Потоа маслото се процедува. Секоја вечер нанесувајте од него со лесни масажни движења врз проблематичните места.

По можност ставете газа и заврзете волнен шал, за да се добие загревачки ефект. Наутро одете под топол туш. Олеснувањето ќе настапи уште при првите денови на терапијата.

Лукот помага за подобрување на циркулацијата, со што на тој начин придонесува за обновата на зглобовите.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments