Малолетничка грабната во дворот на средно училиште во Куманово

loading...

На 22.09.2017 година во 15,00 часот во СВР-Куманово, жител од с.Лојане Општина Липково, пријавил дека малолетно девојче, ученик во Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово, била грабната на 21.09.2017 година, информира полицијата.

Имено, околу 10,00 часот на големиот одмор девојчето заедно со другарките излегле од дворот на училиштето односно пред касарната, каде што застанало патничко моторно возило, од кое излегол Р.З. со уште едно лице и со закана и употреба на сила, ја фатиле за раце и ја внеле на задното седиште од возилото. Непознатото лице го удрило девојчето во пределот на главата, по што таа паднала во безсознание, додека Р.З. го возел возилото. По некое време девојчето се освестило на напуштено место, додека Р.З. и непознатото лице со возилото биле заминати во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.


Последни наслови

Facebook Comments