Максим Димитриевски: Куманово може да биде многу почист и поуреден град

Сподели со своите пријатели

Додека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги прави последните анализи кој да биде кандидат за градоначалник на Општина Куманово, едно од посериозните имиња е името на пратеникот Максим Димитриевски.

По тој повод направивме и кратко интервју со поранешниот претседател на Советот на Општина Куманово, сегашен актуелен пратеник, а можеби и идниот градоначалник.

КМ: Зошто сметате дека вашата кандидатура ќе биде најдобра и дека токму Вие треба да бидете првиот човек на Општина Куманово?

Димитриевски: Не сметам дека мојата кандидатура ќе биде најдобро решение за градот, тоа граѓаните ќе го кажат. Јас сум убеден дека можам конструктивно заедно со граѓаните да го менаџирам овој град, да се изгради во една урбана и модерна целина. Во континуитет ги следам работите на локално ниво и она што се случува во Куманово. Бевме подолг временски период опструирани како локална власт од поранешната централна власт. Денеска веќе се создадоа услови за тоа континуирано стопирање на развојот на Општина Куманово престане и да се создадат нови услови во кои што Куманово ќе се гради како модерно место на живеење. Факт е дека имаме многу сериозни проблеми и тие проблеми можеме да ги надминеме единствено ако сите заедно се заложиме да го изградиме Куманово во поубаво место за живеење.

 

Loading...

 

КМ: Сите оние Ваши залагања за Куманово кои ги имавте во Советот ги пренесовте и во Собранието на Република Македонија и за прв пат се крена гласот за реалната слика што му недостига на Куманово. Какви се реакциите?

Димитриевски: Кога решив да влезам во политиката на локално ниво, а тоа се случи некаде кога побарав за прв пат јавна поддршка преку мојата политичка партија, СДСМ, пред приближно девет години да станам член на Советот на Општина Куманово, првото прашање кое си го поставив себеси беше како да настапувам. Знаете во политиката постојат многупати ситуации на општа манипулација со јавноста, јас решив да настапувам отворено, достоинствено и со свој став и тоа во континуитет го туркав. За жал многупати се соочував со сериозни предизвици и пречки, не само пречки кои доаѓаат од политичките опоненти, туку многупати и од самата политичка партија на која што и припаѓав. Но, успеав сите тие пречки да ги надминам и се приближив напред, веројатно граѓаните го препознаа тоа и поради тоа ја дадоа и поддршката и исто така поголемиот број на членовите во СДСМ, денеска сум тука кај што сум. Секако дека во овој период заедно со граѓаните стекнав едно големо искуство, запознав многу луѓе, многу сограѓани кои не ги познавав со тек на време ми станаа пријатели и блиски. Се почувствуваа слободно да ми се обратат директно и да побараат одредена помош и знаете при барањето на таа помош најважно е како размислувате, бидејќи ние политичарите првенствено постоиме поради граѓаните, не постојат граѓаните поради нас. Јас еднаш јавно реков, политичарот мора да биде народен слуга, не смее да си дозволи да биде повластен граѓанин во општеството, мора да се најде време за секој, мора да се одвои време за сите граѓани кои ќе ви се обратат затоа што ние сме општество со многу сериозни и длабоки проблеми. Не само од општествените токови, туку и во делот на безбедноста и стабилноста на државата, во делот на комуналните проблеми. Првенствено социо-економскиот проблем е најголемиот проблем на граѓанинот на Република Македонија. Токму поради тоа една голема бројка на наши луѓе, граѓани, а тоа е забележливо и во Куманово, се отселија и заминаа да живеат во странство бидејќи не можат тука да ја најдат својата егзистенција. Ние кои што сме во политиката сме општествено одговорни да се обидеме да создадеме подбри услови за живеење на сите наши граѓани. За жал 25 години наназад во политиката не е така. Во политиката по системот на должничко-доверителски односи и покажување апсолутна лојалност кон лидершипот во политичките партии, дојдоа на одредени високи позиции луѓе кои што со лојализмот стигнаа до одредено ниво и доколку ги споредите и ги оставите на пазарот на трудот да се борат еднакво со останатите граѓани, никогаш не би успеале да дојдат на тоа ниво и да одлучуваат во име на граѓаните. Токму поради тоа неквалитетот исплива на површина, а квалитетот и целата онаа интелектуална структура која општеството и државата ја гради остана по страна сметајќи, молчејќи мудро, дека во моментот треба да се премолчи овој период и можеби ќе дојдат некои подобри времиња да се делува. Јас не размислував така. Влегов храбро со одредена група на луѓе, подржувачи, кои препознаа во мене, а и јас во нив, желба да се промени нешто во општеството и немам намера по принципот на лојалност кон сите кои се над мене во политиката да се обидувам да направам персонална кариера. Мојата желба во политиката е да ги променам работите и јас во тоа ќе успеам заедно со граѓаните на Куманово, бидејќи сметам дека Куманово може да биде и многу почист град, поуреден град, со многу повеќе решени социјални состојби на наши сограѓани, да се модернизира и да напрадува, еколошки чист, а финансиски стабилен. Ние во ниту еден момент во нашата општина, па дури ни во државата, не успеавме да изнајдеме начин како капиталот кој енормно се собра во нашата општина, благодарејќи на пожртвуваноста и храброста на нашите сограѓани кои заминаа на печалба во Ирак, Авганистан и на другите светски кризни жаришта, а верувајте не е малку, над 1,5 милијарди евра се инаксираа во Куманово и ние не успеавме тој капитал да го трансформираме барем во една сериозна финансиска инвестиција. Ние трчаме по странство и претходната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, 12 години правеше роуд шоуа по целиот свет да бара странски инвеститори и замислете тие инвестиции некаде се движат околу 250 милиони евра за сите овие години. Ние кумановчани испаднавме многу поспособни и од самата власт и од државата, го ризикувавме сопствениот гол живот, дадовме труд на пазарот и инкасиравме над 1,5 милијарда евра свежи пари во економијата и стопанството на Република Македонија и нашата општина. Замислете што се случи, се појавија квази градители на згради кои им продаваат на луѓето станови по енормни суми по метар квадратен. Денеска да купите стан во Куманово е многу поскапо отколку пред 10-12 години, тоа е нон-сенс. Ќе мора да се искористи финансискиот капацитет на овие сограѓани за да може македонското и кумановското стопанство да се крене, затоа една од главните мерки со кои ќе се обидам да го ревитализирам градот е токму во делот на развојот на микро, мало и средно стопанство. Сите оние наши капацитети кои ги имаме во моментот ќе се обидам да ги стабилизирам и да им помогнам директно како општина. Сите оние наши претприемачи кои вработуваат луѓе да ги вратам во синџирот на претприемништвото со тоа што кумановските пари директно ќе одат во џебовите на кумановските фирми. Кумановскиот буџет каков таков на Општина Куманово, кој се движи од 18 до 23 милиони евра на годишно ниво како бруто буџет, ќе мора да поминува низ жиро сметките на кумановските компании и со тоа директно се инвестира во домашното стопанство и едноставно му давате поткрепа. Во моментов не е така, но замислете ме прашуваат многумина како ќе го постигнете тоа, ќе има принципи по кои ќе се владееме и локал патриотизмот нема само да се споменува во фрази туку ќе се докажува на дела.

 

 

КМ: Кога повеќе Ве бараат граѓаните со проблемите, дали кога бевте претседател на Советот на Општина Куманово или денеска кога сте пратеник. Слушајќи Ве, граѓаните постојано ви се јавуваат, имате ли време да поработите на нивните проблеми, сепак Куманово е град со над 100.000 жители. Кога можевте повеќе да им помогнете на граѓаните?

Димитриевски: Барањата секогаш биле исти и граѓаните се обраќале често и официјално и неофицијално. Денеска е многу поолеснето, бидејќи како се отворија социјалните мрежи секојдневно добивам голем број на пораки од граѓаните во делот на помошта. Мора да се најде време за граѓаните, без разлика какви се проблемите, мора да обрне внимание и да се обидете да им помогнете нешто. Некогаш се работи за класично технички прашња, да го препратите до институција, да се јавите во институција, што е недозволиво, ние треба да изградиме систем којшто функционира и граѓанинот да се чувствува слободно да се обрати на шалтер, бидејќи таму шалтерските работници треба да бидат во функција на граѓаните. Денеска вие кога ќе влезите во општината, чест на поединци кои професионално си ја вршат работата, но за жал имате огромен круг на луѓе коишто сметаат дека тие во делот на тој бирократски синџир кој функционира во институциите смета дека тие се таму, а граѓните доаѓаат поради нив, што не е така. Луѓето вработени во јавна и државна администрација постојат поради граѓаните и менаџерот кој ги менаџира тие институции ќе мора да обезбеди чист професионализам. Денеска не е така каде и да влеземе. Упорно како нова власт на централно ниво ќе работиме на разрешување на тој проблем, но кај нас Балканците навиките многу тешко се искоренуваат и веројатно ќе мора да преземеме и непопуларни мерки. Во делот на барањата, вообичаено на локално ниво се во делот на решавање на комуналната инфраструктура, но ако споредам како претседател на Совет, кога дневно правев по седум-осум, па некогаш и десет средби со граѓаните, верувајте дека две се во делот на решавање на индивидуален проблем, проблем со легализација, комунална инфраструктура, но најмалку седум до осум барања беа во делот на социо-економските проблеми, првенствено во барање за вработување. Ние не сме власт, ниту пак јас како индивидуа можам да ги решам проблемите на секоја единка во општеството. Куманово било град уште во времето на поранешната сојузна држава со над 28 илјади невработени луѓе и тој тренд за жал се уште постои, голем дел на фабрики се затворија, а многу мал дел на фабрики се изградија, она што беше создавано во таа сојузна држава и од тогашниот претседател Јосип Броз Тито беше создавано заедно со нашите родители и дедовци и баби со лопата и крампа. Од 90-та година наваму, сите политички елити, тоа што беше создавано со лопата и крампа во континуитет со багер го рушат и се уште не можат да го срушат. Ден денеска работиме во истите фабрики кои работат и функционираат, барем во оние кои останаа, учиме во истите училишта кои беа изградени во тој период и генерално се возиме по истата сообраќајна инфраструктура која што беше изградена, а ние сме 25 години независна држава, па се поставува прашањето каде е проблемот. Граѓаните се исти, во менаџерите на државата и локалните урбани заедници, месни заедници, но првенствно во менаџерите на локалните заедници и советите на општината. Ќе мора да се надминат многу стереотипи и многу стари навики од минатото ако сакаме да го промените ситемот во кој живеат и ова кога го говорам со обичниот граѓанин ќе ми каже дека тоа е утопија и дека денеска е невозможно тоа да се направи. Не е точно, бидејќи проблемот е додека ја пласирате идејата во јавноста. Откако првиот ќе ви се приклучи тоа се веќе двајца и од тука множината и мнозинството се создава по пат на математичка прогресија и јас тоа го гледам секојдневно. Во делот на поддршката која ја добивам од граѓаните, верувам дека на таков начин ќе успеам да го убедам мнозинството во општината дека треба да се верува во еден таков концепт и на крајот на краиштата да ги корегираме сите пропусти во општината за да можеме модерно и современо да живееме, но и човечки да живееме и функционираме. Не е грев да се оди во странство и да се работи, но грев е откако ќе се вратите со одреден стекнат капитал да барате начин и да размислувате парите да ги инвестирате на друго место. Претходната централна власт немаше слух за мало и микростопанство, го уништи стопанството во Македонија во целост, а даде предност на мултионационални компании да инвестираат во проекти кои беа субвенционирани замислете дури по работник на годишно ниво и по 5-6 илјади евра. Тие такви инвестиции, како што беше „Ванхол“ каде директорот јавно се заблагодари на македонската Влада, дека „Ванхол“ ја има спасено Република Македонија од чист пропаст и колапс финансиски, да и беше понудено на “ФЗЦ“ во Куманово истата немаше да се приватизира за 1,5 милиони евра, денеска да прикажува добивка, да има отворени пазари со новите газди кои се уште лично не ги познавам кои се и се шпекулира во јавноста, а од друга страна постојано да се намалува бројот на вработените. Се поставува прашањето како е дозволено во една современа држава, капитал создаван со генерации и генерации наназад кој вреди повеќе од 150 можеби и 200 милиони евра, да се продаде за 1,5 милиони евра. Тоа мора да се преиспита, без разлика дали Максим Димитриевски или било кој друг ќе седи на позициите кои ќе одлучуваат, ние ќе мора да излеземе пред граѓаните и да дадеме отчет и да го исполниме она што го ветивме, дека стопанството ќе мора да се ревилатизира, а сите вакви приватизации ќе мора да се проверат, на кој начин се приватизирани тие стопанство субјекти. Не сакам да амнестирам никој, имаше одговорност и во делот на старите раководства на СДСМ во делот на сомнителната приватизација, ќе ги отвориме и тие случаи, затоа што ние како политичка елита која во момент доби одговорност да ја води државата имаме одговорност единствено кон граѓаните, немаме обврската ниту кон олигарси, ниту кон поедини бизнисмени кои преку ноќ создадоа огромен капитал.

 

КМ: Секојдневно патувате на релација Скопје-Куманово, има гужви на патарините, се прави автопатот, не функционира ништо, токму Вашата изјава за двете патарини наиде на голема поддршка од граѓаните. Ќе се смени ли нешто?

Димитриевски: Па ако не се обидеме да смениме нешто, само од себе нема да се смени. Првично мора да постои иницијатива, јас тоа им го кажав и на колегите, поранешни и актуелни пратеници од Куманово кои се веќе таму со години, дури некои од нив се фалија дека по неколку мандатите се таму. Не само во техничките проблеми со времетреање сега кога е во тек сезоната за годишни одмори, но првенствено од финансиски аспект да ве чини сметката за патарина поскапо од сметката за гориво е општо неприфатлива работа. Принципот на патарините треба да се регулира на друг начин, но за жал претходната власт правеше проект, токму наша кумановска фирма ја проектираше. Наместо да ја изместат назад патарината еден километар и да ја стават пред влезот на Куманово да биде, тие ни ја ставија повторно на исто место на Мачја глава, тука е проблемот. Зошто јас, вие или било кој граѓанин кој оди во Скопје да плаќа натаму и наваму четири патарини, видете ја километражата на едно Тетово, кое плаќа двојно помалу патарина за да стигне до Скопје отколку едно Куманово. Ние не сме побогати од останатите, но тука е слухот, сенсот за сопствениот град и затоа сметам дека е направен пропуст. Таа патарина во моментот се гради, ние како нова власт не можеме да дојдеме и да ја срушиме, апсолутно не, но затоа можеме во иднина да планираме буџети, каде патарината ќе се регулира да се плаќа на друг начин. И онака граѓаните кога плаќаат регистрација, плаќаат друмска такса, не сите возила кои се регистрираат ги користат автопатиштата. Можби во иднина е добро да се отвори јавна дебата и општо размислување за воведување на вињета која ќе биде на месечно, тромесечно, шестмесечно или годишно ниво, каде секој од нас ќе може да си избере и да си купи таква карта согалсно важечката регистрација, потребите, колку пати треба да помине на автопатот, но патарината е можеби второ прашање. Првенственото прашање во државата е дали локалнта самоуправа ќе се обиде да даде еднакви можности на сите граѓани. Не може и недозволиво е во една општина, јас како припадник на една партија или етничка заедница да се чувствувам поблизок до локалната самоуправа, а другите кои што не припаѓаат во таа група да не се чувствуваат така. Јас немам намера доколку ја добијам привилегијата и честа да бидам кандидат за градоначалник на овие избори да бидам селективен кон граѓаните. Сакам да им ја отворам вратата на сите граѓани да ја почувствуваат општината за своја, а тие кои се внатре да бидат вистински и реален сервис на граѓаните и затоа сметам дека со таков концепт и убедување, доколку добијам чест да бидам кандидат на СДСМ на овие претстојни избори дека ќе извојувам убедлива победа уште во првиот круг.

 

Loading...

 

КМ: Ќе се заложите ли Куманово да го издигнеме на едно повисоко ниво?

Димитриевски: Куманово ја задолжи Република Македонија многу. Во 2001 немавме вода со месеци и го извлековме можеби најдебелиот крај во тој период на конфликтот. Онаа што се случи во Диво насеље на 9 и 10 мај 2015 година, каде ние како кумановци останавме трезвени за состојбата, го сочувавме мирот и во Куманово и во Република Македонија. Со тие наши гестови како граѓани ја задолживме државата многу и таа е должна да ни врати. Новиот премиер, господинот Заев заедно со Владата, а тоа му го реков и од говорница на министерот за финансии, кога ќе ги планира новите Буџети на државата ќе мора да стои во едно место напомена капитални инвестиции за општина Куманово и со тоа ќе се сложи целата држава, бидејќи граѓаните знаат низ што се поминавме ние. Што се однесува до граѓаните тие треба да бидат приоритет, но не само на зборови, туку на дела. Првенствено од социјалните групи, ако градиме социјална држава, а така се напоменува во Уставот, тогаш треба да им дадеме можностна оние кои имаат помалку, да добијат можност да се изедначат со оние кои имаат повеќе, оние кои имаат најмногу да плаќаат повеќе да можат оние кои имаат помалку да се изедначат со нив. Денеска не е така. Денеска со рамниот данок, без разлика дали имате приходи од 100.000 денари на годишно или милион денари на годишно ниво, плаќаме ист данок, тоа не е социјална држава. Јас имам голем број проекти кои сакам да добијам можност да ги реализирам на локално ниво од позиција за која што претендирам, но првенствено во делот на коректноста кон сите кандидати, не само против моите противкандидати внатре во политичката партија, но првенствено и кон останатите кои ќе се промовираат во следниот период, јас денеска нема да зборам за предизборна прогрмаа, но ќе напоменам дека еден од приоритетите ќе ми биде социјална помош на социјално загрозените групи и особено внимание во делот на самохраните родители и деца на самохрани родители, деца без родители. Тоа е една група на граѓани која е подзаборавена не само од општината, бидејќи општината нема функција на примарна социјална заштита, но првенствено од државата. Лицата со хендикеп и лицата со ограничување, тоа е една од многуте мерки, а во делот на комуналната инфраструктура, во делот на културата, во делот на спорот и сите останати области имам огромен број проекти кои имам намера заедно со граѓаните да ги реализирам, бидејќи за мене е неприфатливо да говориме за решавање на одреден комунлане проблем, конкретно Режановце, над 20 години зборуваме за канализација и се уште не ја завршивме канализацијата, па да се самоорганизиравме како граѓани да земевме лопати и крампи до сега рачно ќе го направме тој канал, колку се извртевме до сега гарнитури и гарнитури политички, сите советници заедно со граѓаните да отидевме ќе го ископавме до сега, но проблемот е дека така е навикнато општеството да функционира. Ќе мора да се обидеме да го промениме таквиот пристап. Максим Димитриевски нема намера да боди кампања, да оди по урбани и месни заедници да ветува, Максим Димитриевски има намера да оди и да реализира проекти заедно со граѓаните.