Левица ги претстави кандидатите за советници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Партијата Левица ќе настпаи самостојно на претстојните локални избори, а денеска локалниот огранок на партијата од Куманово ги доставија и листите со кандидати за советници.

На истата се наоѓаат 33 имиња, колку што членови и брои Советот на Општина Куманово како најголема општина во државата.

Како што истакна Никола Крстевски, еден од кандидатите за советници, советот е право на локалната самоуправа чијштоносител е грашанинот и тука се потребни промени кои не се случиле веќе 26 години.

„Мора да констатираме дека веќе 26 години атмосферата во советот е веќе речиси непроменета, што е неконструктивно и за градот и за самата општина и за граѓаните. Затоа Левица чувствува одговорност да им понуди на граѓаните на Куманово алтернатива во однос на досегашната пракса, да имаат можност да гласаат за реални и остварливи промени, а не за замена. Куманово е прогресивен и традиционално левичарски град, меѓутоа како втор град по големина во Република Македонија и како град со над 100.000 жители не смее да си дозволи да нема изгледа на ефикасна урбана средина. Куманово не смее повеќе да си дозволи да нема зелени површини, да нема проодни тротоари, да има ДУП кој наместо да воведе ред создава дополнителен хаос, да нема атмосферска канализација во поголемиот дел од градот, да нема современо осветлување и културни содржини“ – изјави Крстевски.

Носител на листата кандидати за советници е Сотир Лоловски, дипломиран електриинжинер информатичар, вработен во приватниот сектор.

„Ние Левица како политичка опција ќе се залагаме за чисто угледно и безбедно Куманово, вие граѓаните одлучувате, вие со вашиот глас ќе покажете дали сте задоволни од условите во градот во кои живеете, постарите паметат како било, помладите не виделе подобро“ – изјави Лоловски.

Листата изгледа вака:

  1. Сотир Лоловски

  2. Стефан Илиевски

  3. Олгица Димитриевска

  4. Петар Чуриќ

  5. Иван Николовски

  6. Биљана Тасевска

  7. Александар Цветковиќ

  8. Кокица Милковска

  9. Мерлинда Весели

  10. Никола КРстевски

  11. Олгица Стефановиќ

  12. Иван Јовановски

  13. Драгица Тасевска

  14. Драган Тасевски

  15. Стефан Денковски

  16. Ангела Богоевска

  17. Никола Лазаровски

  18. Александра Енимах

  19. Катерија Пејчевска

  20. Никица Николовски

  21. Зоран Митевски

  22. Јадранка Младеновска

  23. Богица Илиевска

  24. Трајко Тасевски

  25. Љубе Петровски

  26. Андријана Димковска

  27. Петре Наќевски

  28. Биљана Крстевска

  29. Маја Божиновска

  30. Роберт Димковски

  31. Сузе Костовска

  32. Сретен Костовски

  33. Владимир Митковски