Летни фитнес совети за избегнување на жештините

Сподели со своите пријатели

Дали сте знаеле дека вежбањето во жештина може да му нанесе стрес на срцето и на вашите гради?

Loading...

1. Појдете на вежбање рано наутро или покасно попладне

Избегнувајте да вежбате во средината на денот кога сонцето е најсилно, односно во периодот од 11 до 17 часот. Доколку сепак се решите да вежбате во овој период, тогаш засолнете се под сенка, избегнувајте директна изложеност на сонце или пак правете вежби во базен.

2. Намачкајте се со фактор за заштита од сонце

Факторите за заштита од сонце нема да ви држат ладно, но ќе ве заштитат од горење, што ќе му овозможи на телото полесно да се излади самото. Исто така, со тоа ги намалувате шансите за рак на кожата. Без разлика каков тен имате, купете некој препарат со повисок заштитен фактор.

3. Пијте течности

Пијте многу течности. Најпрепорачливо е да пиете вода и тоа дури и да не чувствувате жед, потпивнувајте по малку на секои 15 минути во топлите денови. Ако се потите многу, тогаш можете да вклучите и некој пијалак за спортисти, кој содржи електролити и минерали.

4. Облечете се соодветно

Дури и да се чувствувате дека црната облека ќе ве направи да изгледате секси, подобро оставете ја и облечете бела или некоја посветла комотна маичка. Црната и другите темни бои ја апсорбираат топлината. Препорачливо е маичката да е од лесен материјал, кој ја неутрализира топлината, како што се ленот и свилата.

5. Имајте резервен план

Испланирајте во топлите денови да вежбате во затворен простор, а не на отворено. Најдете климатизирана сала или теретана и повторно појдете порано, бидејќи сигурно нема да сте единствените на кои им текнала оваа идеја. Исто така, доколку имате базен во близина можете да појдете таму.

6. Не претерувајте

Кога е толку топло што и асфалтот почнува да се топи, престанете и избегајте од жештината, особено ако имате симптоми на слабост, главоболка, вртоглавица, грчеви во мускулите, забрзан пулс или гадење и повраќање. Во тие моменти застанете, појдете под сенка, пијте вода и намокрете ја кожата за да ви се олади. Доколку не ви стане подобро после 60 минути, појдете на лекар.

Вежбањето во комбинација со висока температура на воздухот, ја зголемува температурата на телото и го забрзува чукањето на срцето. Нормално, вашето тело моментално ќе се прилагоди на состојбата, но доколку премногу долго се изложите на вакви услови, можете да се доведете во ситуација на тотална исцрпност, да добиете топлотен удар и грчеви. Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат да си ја одржите температурата на телото на нормално ниво и да уживате во вежбањето.

Loading...