Кумановските пожарникари викендов спасуваа запален стан и оџак на семејна куќа

Сподели со своите пријатели

Вкупно три интервенции вележат кумановските пожарникари во текот на изминатиот викенд, меѓу кои на опожарен стан, запален оџак, но и техничка интервенција на поплавени подрумски простории, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во првиот случај во сабота во населбата Долно Којнаре околу 22:30 часот петмина пожарникари со едно противпожарно возило се упатиле на интервенција на запален оџак и поткровје на семеен дом. Интервенцијата траела до 00:50 часот.

Втората интервенција била вчера кога во 09:35 часот кумановските пожарникари примиле повик за опожарен стан лоциран на улицата „Илинденска“. На местото на настанот веднаш се упатиле петмина пожарникари со едно противпожарно возило и интервенирале до 10:15 часот.

Третата интервенција на пожарникарите била од технички карактер кога тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на исцрпување вода од поплавени подрумски простории на стамбена зграда лоцирана на улицата „Доне Божинов“. Причина за поплавување на подрумот, како што стои во извештајот на РЦУК е пукање на водоводната инсталација во зградата.

 

Loading...