Кумановецот Милош Велевски на ММА натпревар во Германија

Сподели со своите пријатели

Милош Велевски, член на ММА клуб Куманово 20016 на 10ти месецов во Дизелдорф, Германија ќе настапува на ММА турнир против Расул Малсагов.

На професионален план Велевски се заблагодарува на Дејан Стефановски од Велес кој му овозможи да настапува во Германија, но и неговиот тренер Сашо Илиевски кој веќе долги години го усовршува во ММА.

Освен Милош Велевски, уште тројца Македонци ќе настапуваат во рамките на овој натпревар, меѓу кои 18 годишниот Пепи Велков, Бобан Данов, Димитар Ташков.

18 годишниот Пепи Велков ќе се бори со Шамил Банукајев .Шамил не само што е еден од најдобрите таленти на УФД салата, тој е и германската број 5 во бантам категорија кој професионалното деби гопарви 2015 година со 21 година, оттогаш забележува три победи.

Организаторот на настанот е УФД Џим од Диселдорф.