14.02.2018 12:53

Кумановец удрил пешак па избегал од местото на настанот


Вчера околу 20,10 часот во Куманово на улица „Тоде Мендол“ непознато лице управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со непознати регистарски ознаки удрило во пешакот А.И.(48) од Куманово, по што непознатото лице со возилото го напуштило местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата пешакот А.И. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и возилото.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments