Кумановец и скопјанец во Гевгелија ќе одговараат за поседување наркотици

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Гевгелија поднесе кривична пријава против К.А. (33) од Куманово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, и Н.А. (25) Скопје поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 09.07.2016 година од страна на полициски службеници, на локалниот пат с.Давидово-с.Миравци во непосредна близина на Железничка станица „Миравци“, при извршена контрола на патничко возило и лицата во истото била пронајдена 0,26 грама наркотична дрога марихуана помешана со тутун, 12,44 грама амфетамин, осум таблети, 4,4 грама мешавина од 3,4-метилен- диоксиамфетамин (MDMA)-психотропна супстанца.