Кумановец го загуби животот по пад од скеле

Сподели со своите пријатели

Вчера во 14,35 часот во ЕИК-Скопје, пријавено било дека во ГОБ- „Наум Охридски“ донесен бил повреден Л.Д.(60) од Куманово, кој работел во село Чојлија-скопско. Истиот паднал од скеле и се задобил со тешки телесни повреди (фрактура на череп, отворени фрактури на двете нозе, скршени ребра и пршлени).

Во 19,30 часот како последица од здобиените повреди, Л.Д. починал, информираат од Министерството за внатрешни работи. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.