Кумановци ќе одговараат за напад со нож врз сограѓанин

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т. (25) и М.П. (35), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 11.05.2017 година околу 16.10 часот на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, додека пријавените се движеле со патничко возило „Цитроен“, го забележале Д.П. (23) од Куманово и без причина првопријавениот излегол од возилото и со нож го удрил Д.П. во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина над левото уво.

Во нападот се приклучил и второпријавениот кој, исто така, држел нож во десната рака и им се заканил на присутните лица да не се мешаат и физички го нападнал со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.