Кривични пријави до ОЈО Куманово за државјани на Албанија и Косово

Сподели со своите пријатели

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец декември 2016 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 16 кривични пријави против 8 правни и 17 физички лица, меѓу кои и две кривични пријави поднесени до Основното јавно обвинителство Куманово, за државјани на Албанија и Косово.

До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против Б. О. државјанин на Албанија кој на 3 декември 2016 година со патничко возило со албански регистарски ознаки се пријавил на излез од државата на граничен премин Табановце. При извршениот преглед во задниот дел од левиот и десниот праг на возилото во фабричка шуплина биле пронајдени вкупно 27 наполнети со марихуана со вкупна тежина од 7,2 килограми.

Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Во вториот случај до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против З.Ј. државјанин на Косово кој на 7 декември 2016 година со патничко возило со бугарски регистарски ознаки се пријавил на излез од Македонија на граничен премин Деве Баир. При контрола на возилото во пределот на резервоарот за гориво, царинските инспектори пронајдоа вкупно 20 вакумирани проѕирни ПВЦ кеси наполнети марихуана со вкупна тежина од 3,8 килограми. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основен суд Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.